Фармакоски го освои Новогодишниот турнир за јуниори

zaednicka turnir sah 2017

Георг Фармакоски со максимален скор од 4 поени во 4 партии победи на Новогодишниот турнир за јуниори кои тренираат во школите на велемајсторот Влатко Богдановски и интернационалниот мајстор Дејан Стојановски во Скопје, поддржани од ШК Алкалоид.

Матеј Велковски беше втор со 3 бода, а Дино Табаковски ја доби дипломата за третото место иако со 2,5 поени беше и Јаков Додовски.

Во вториот дел на турнирот, понапредните јуниори играа со сениорите на ШК Карпош, стекнувајќи драгоцени исуства за натамошниот развој. Меѓу нив беа Михаил Јорданов, Лазе Петровиќ, Матео Ефтовски и најмладите Кирил Николовски и Ѓорѓи Цветковски кои се дел од напредната група во овие шаховски школи.

juniorski sah turnir NG 2017

Facebook Коментари