Германија
„Фармацевтите“ влегоа во ритам: Бравурата на Грималдо донесе десетта победа во низа за Леверкузен (Видео)

Баер Леверкузен влезе во посакуван ритам на крајот на 2024-та година, а таму кадешто застана во декември, тимот на Чаби Алонсо продолжи и на стартот на новата 2025-та година.
„Фармацевтите“ значително ја намалија негатива во однос на Баерн Минхен и се реактивираа во шампионската трка, па се десеттата победа во низа во сите натпреваруања само потврдуваат дека се подготвени повторно да одат до самиот крај.
Актуелниот германски шампион денеска издоминира во секој поглед на натпреварот против Мајнц и требаше да има сигурно водство уште на полувреме, но на крајот како клучен се покажа голот на стартот на првиот дел.
Мајсторијата на Грималдо од слободен удар ја направи главната разлика на „БајАрена“, стадион на кој домашните навивачи видоа 20 удари од нивните миленици, но само еден заврши онаму кадешто треба.
Истиот сепак беше доволен за победа и важни три бода, со кои Леверкузен сега дојде на минус еден од Баерн Минхен пред утрешниот натпревар на баварците (дома против Хофенхајм).
Alejandro Grimaldo. Was ein Brett. pic.twitter.com/LuskUo2THs
— moritz (@aceofmrtz) January 14, 2025
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…