Лига Европа
„Фармацевтите“ огорчени од стилот на Мурињо: Загубивме од тим што нема врска со фудбал

Жозе Мурињо ја оствари целта која имаше во план да ја оствари на „Бај Арена“, односно неговиот поставен „бункер“ ги издржа налетите на Германците и Рома се пласираше во финалето во Лигата на Европа.
Тактичките замисли и поставеноста на играчите на Рома можеа да се предвидат уште пред натпреварот со оглед на тоа што тимот на Мурињо победи на првиот меч, а ако од една страна донесе голема радост во Рим, од друга донесе голема фрустрација кај домаќините.
Играчите на Леверкузен беа навистина разочарани што не постигнаа гол на натпревар на кој доминираа во секој поглед, но дел од нив не штедеа критики за фудаблската замисла на Мурињо по крајот на натпреварот.
– Не заслуживме да не елиминира тим кој нема врска со фудбал. Се прашувам како испаднавме од нив на овие два натпревари. Лудост е што таков тим ќе игра во финалето во Лига Европа, – изјавил нервозниот Надием Амири, а не се штедел и спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфс.
– Судијата беше добро изигран од страна на гостите. Постојано лежеше некој на земја од играчите на Рома и глумеше повреда. Мислам дека сите навивачи на Леверкузен ќе навиваат за Севилја во финалето. Жалосно е што таков стил на игра носи до успех, – изјавил Ролфс.
-
Францијапред 24 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Италијапред 8 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 9 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 7 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Францијапред 12 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 5 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон