Германија
„Фармацевтите“ никогаш не се откажуваат: Леверкузен со голем пресврт до полуфиналето во Купот на Германија (ВИДЕО)

Баер Леверкузен со доста мака и со голем пресврт успеа да го добие второлигашот Келн и да се пласира во полуфиналето на Купот на Германија.
Иако важеа за огромни фаворити, домаќините се препотија за да дојдат до победата или поточно лесно можеше да се случи да бидат елиминирани со оглед на тоа што 96 минута губеа со 2-1. Имено „јарците“ во завршницата на првиот дел и на почетокот на второто полувреме дадоа по еден гол и дојдоа до сериозна предност од 2-0.
Избраниците на Алонсо се врати во игра преку Шик во 61 минута, ама потоа не успеваа да дојдат до нов погодок се длабоко во судиското продолжение кога одново Чехот се најде на вистинското место и го одведе мечот во дополнителни 30 минути.
Таму Бонисејс во 98 реализираше за 3-2 за Баер, но Келн не се откажа и потоа стрелаше за 3-3, меѓутоа поради офсајд остана без истиот.
На крајот Леверкузен дојде до триумф и останува во игра да го одбрани трофејот во натпреварувањето.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично