Поврзете се со нас

Германија

„Фармацевтите“ не се исплашија од Баерн: Вирц зафати одличен волеј и ја потврди победата на „БајАрена“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен игра сезона од соништата и е на неколку чекори од испишување историја, бидејќи непоразениот тим на Чаби Алонсо вечерва запиша нова победа во Бундеслигата.

Баерн Минхен вчера испрати моќна порака со убедливата победа од 8:1 и најави дека ќе се бори до самиот крај, но „фармацевтите“ не се исплашија и денеска доста мирно решија уште еден предизвик.

Леверкузен поведе со голот на Телја во првото полувреме откако претходно црвен картон заработи Јенц од Волфзбург, а тоа значително им ја олесни работата на домаќините до крајот на мечот.

Фаворитот ја контролираше играта и долго се мачеше да го затвори мечот, но во 86-та минута Вирц дочека еден волеј и со својот шести гол во сезоната ја запечати победата.

Со тоа, Леверкузен се врати на плус десет во однос на Баерн Минхен, а до крајот на сезоната остануваат уште само девет кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни