Поврзете се со нас

Германија

„Фарцевтите“ се подготвени да продолжат без Алонсо: Тој е само дел од сложувалката…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо има супер резултати со Баер Леверкузен во оваа сезона и на добар пат да му донесе на овој клуб најмалку една титула.

Екипата „гази“ во Бундеслигата каде е на првото место со десет бода повеќе од второпласираниот Баерн, успешно напредува во Купот каде стигна до завршницата, а активна и е во Лига Европа што доволно говори за работата која ја врши Алонсо на „Бај Арена“.

Тој е многу ценат и токму поради тоа се поврзува со преземање на тимови како Баерн Минхен и Ливерпул, клубови кои притискаат за неговиот потпис иако тој има договор со бундеслигашот до 30 јуни 2026 година.

Во Леверкузен не сакаат да останат без Шпанецот, меѓутоа и ако се случи тоа ќе пронајдат начин да фунционираат затоа што сметаат дека тој е само дел од сложувалката.

-Среќни сме што е тука, ама Алонсо е дел од сложувалката. Нема се да се распадне кога нема да биде тука. Имаме врвен тим, имаме стручен штаб, [спортскиот директор] Симон Ролфс… Затоа, повеќето луѓе кои се заслужни за успехот се тука, независно од Чаби Алонсо, -порача извешниот директор, Фернандо Каро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни