Шпанија
Фантомскиот гол на Гризман отвори голема дебата во Шпанија (Видео)

Атлетико Мадрид вчера беше на добар пат да запише уште една победа во шпанската Ла Лига, но на крајот не го издржа завршниот налет на Еспањол и мораше да се брани за да не претрпи пораз.
Тимот на Чоло Симеоне имаше убедливо водство од 0:3 против Еспањол по 60 минути игра, но Еспањол потоа се врати во игра и со три гола во мрежата на гостите се погрижи за драматична завршница.
Домаќините од Барселона фрлија се на една карта и по четврти погодок, но на крајот не успеаја во тоа и сега потребно ќе им биде чудо за да опстанат во Ла Лига.
Ремито имаше исто значење како пораз за Еспањол, а фрустрацијата кај домаќините беше значително поголема поради моментот од крајот на првиот дел, кога голот на Антоан Гризман беше признат од ВАР.
Французинот зафати една одбиена топка и ја упати кон голот, па иако линискиот судија процени дека голманот на Еспањол реагирал навреме, луѓето од ВАР сигнализираа дека топката сепак ја минала гол линијата.
Шпанската Ла Лига има еден огромен минус поради тоа што нема имплементирано „Соколово око“ и технологија на гол линијата, па судиите во ВАР донесоа одлука дека е гол и покрај тоа што немаа вистински агол.
Оваа ситуација отвори голема дебата во Шпанија и само покажа дека имплементацијата на технологијата е неопходна, особено откако 3Д технологијата откри дека судиите погрешиле и топката не ја миналата линијата во целост.
📺 Análisis con tecnología 3D del segundo gol del Atlético de Madrid.
El balón NO traspasa la línea por completo. ❌
▪️ Error muy grave del VAR al dar por válido el tanto de Griezmann sin pruebas fehacientes de ello. pic.twitter.com/Hhgl53X7eV
— Archivo VAR (@ArchivoVAR) May 25, 2023
HIGHLIGHTS: #EspanyolAtleti 3-3
WHAT A TURN AROUND FOR @RCDEspanyol_EN 😮#LaLigaSantander | #LaLigaHighlights pic.twitter.com/jBqcPk1phY
— LaLiga English (@LaLigaEN) May 24, 2023
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка