Поврзете се со нас

Репрезентација

Фантомски гол ја остави Македонија без заслужен бод во футсал пресметката со БиХ (Видео)

Објавено

на

Босна и Херцеговина гостуваше во Скопје на квалификациски натпревар за Европското првенство во футсал, а нашиот противник дојде со перфектен учинок и обезбедено прво место во групата.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски со две ремија од четири средби се обидоа да одиграат мотивирано до самиот крај, два пати израмнуваа по водството на БиХ, за на крајот да загубат со гол постигнат на 12 секунди до крајот.

При резултат 2:2, македонскиот голман ја испушти топката и ја спасуваше од гол-линијата, а судиите сметаа дека таа минала со цел обем и означија трет гол за гостинската репрезентација.

Попусти беа протестите на селекторот Скендеровски и клупата, бидејќи немаше промена на одлуката, па Македонија несреќно загуби со 2:3.

Контроверзниот момент според многумина бил неправедно проценет, односно Македонија е оштетена во оваа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни