Олимписки игри
Фантастично издание на Мила: Рељиќ во жестока борба до победа над двократна олимписка шампионка!
Милјана Рељиќ е теквондистка во подем и тоа го покажува со своите резултати во последните две години, а го демонстрираше и ова попладне со спектакуларно издание на Олимписките игри.
Осминафиналната фаза на женскиот турнир до 57 килогорами заврши токму со борбата на Мила, која во првото коло не можеше да има потежок предизвик од оној кој го доби.
Рељиќ ја имаше за ривалка двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, но не само што парираше, туку успеа и да ја победи 10-години поискусната Британка.
Македонската претставничка отвори храбро и без преголем респект, а тоа и донесе тесна победа во завршните неколку секунди од првата рунда. Мила зададе перфектен удар во глава и доби три поени, па така ја доби првата рунда со 7:6.
Легендарната Џонс не се откажа и одговори во втората рунда која ја доби со 5:4, па така одлуката падна во третата рунда во која доста се тактизираше и видовме само по еден казнен поен. На крајот, се се сведе на тоа која таеквондиста задала повеќе удари во текот на борбата, а во оваа статистика подобра беше Мила која се пласираше во четвртфиналето.
Противничка на Македонката во оваа фаза ќе биде Либанката Летитија Аун.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 17 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 17 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 15 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 14 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 14 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед