Поврзете се со нас

Англија

Фантастичниот Варди направи разлика на „Вембли“, Лестер закажа финале со Челси (Видео)

Објавено

на

По вчерашното големо дерби во кое Челси го победи Манчестер Сити со минимални 1:0, денеска со ист резултат видовме победник и во второто полуфинале во ФА Купот, натпреварување во кое оваа година за титуалта ќе се борат два тима обоени во сино.

Лестер Сити оваа вечер ја оправда фаворитската улога на најпознатото фудбалско здание во Англија, откако во вториот полуфинален дуел покажа дека е за класа подобар од Саутемптон.

„Лисиците“ ја имаа иницијативата и беа оние кои повеќе ја посакуваа победата, а главната разлика ја направи спектакуларниот Џејми Варди кој организираше една одлична соло акција, по која несебично додаде до Ихеаначо кој од втора го пронајде патот до мрежата.

Напаѓачот на Лестер најпрво биеше во блокот, но топката среќно се врати до него и потоа го совлада немоќниот Форстер кој не можеше да направи ништо во дадената ситуација.

Ова се случи во 55-та минута од натпреварот, а до крајот не се тресеа мрежите во натпреварот на кој Саутемптон не испрати ниту еден директен шут кон голот на Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни