Поврзете се со нас

Шпанија

Фантастичниот „проектил“ на Гуедеш недоволен за победа на очајната Валенсија (Видео)

Објавено

на

Гонсало Гуедеш пред неколку кола постигна сензационален слалом-гол на средбата против Осасуна, а по рестартот на сезоната во Примера, по се изгледа Португалецот е единствената светла точка во тимот на Валенсија.

„Лилјаците“ се во сериозна резултатска и институционална криза и смената на тренерот не донесе позитивен шок, па вечерва Валенсија не успеа да победи и покрај тоа што направи пресврт на гостувањето во Андалузија.

Гранада и Валенсија мируваа во првиот дел, но затоа во вториот постигнаа четири гола и им приредија спетакл на фановите кои редовно ги следат возбудувањата во Примера.

Истите беа сведоци и на уште еден спектакуларен гол на Гуедеш, кој со фантастичен „проектил“ погоди непосредно по влегувањето во игра за водство од 1:2.

Сепак, неговото ремек-дело не беше доволно за победа на Валенсија, бидејќи Гранада преку Феде израмни на 2:2 во 86-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни