Поврзете се со нас

Атлетика

Фантастичниот Ивановски урна рекорд стар 41 година

Објавено

на

Дарио Ивановски веќе извесно време ја воодушевува македонската атлетска јавност и продолжува да руши историски рекорди, откако денеска со фантастично време ја заврши трката на 10.000 метри на Купот на Македонија.

Најдобриот македонски атлетичар на долги стази урна неверојатен рекорд стар 41 годинам, а остварениот успех е уште поимпресивен ако се знае дека не го даде својот максимум.

Ивановски истрча 10 илјади метри за 30 минути, 4 секунди и 3 стотинки, со што го подобри историскиот рекорд на Милан Маџгаљ од 1980 година кој гласеше 30 минути, 25 секунди и 10 стотинки.

– Македонијо моја…Хиената од Илинден Дарио Ивановски го урна 41 година стариот рекорд на Македонија на 10.000м. ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТИКА МИЛАН МАЏГАЉ, ПОСТАВЕН ВО ДАЛЕЧНАТА 1980 ГОДИНА.

– Македонијо, уживај во својот нов национален рекорд на хиената од Илинден и очекувај дебело симнување на границата од 29 минути на вистинска трка до здрава конкуренција и на право место, – порача тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни