Европски купови
Фантастичниот Димитријевиќ ги разигруваше соиграчите, Хувентуд одново победи во Еврокупот
Хувентуд бележи благ пад во ритамот во домашното првенство, но тимот за кој настапува нашиот Ненад Димитријевиќ продолжи со добрите претстави во Европа, па вечерва ја оствари и втората победа во топ 16 фазата во Еврокупот.
По воведната победа во оваа рунда минатата седмица против Уникаха, составот од Бадалона оваа вечер славеше на домашен терен против францускиот претставник Нантере, тим кој сепак не успеа да ја материјализира извонредната прва четвртина.
Нантере го доби првиот период со 30:20 и ги стави домаќините пред сериозен предизвик, но шпанскиот тим одговори на најдобар можен начин веќе во втората четвртина, добивајќи ја истата со 27:17.
Хувентуд ја диктираше играта и на стартот на второто полувреме и во третата четвртина стигна до предност од седум разлика, а потоа на средина на последниот период стигна и до максимални плус 11. Тоа придонесе да видиме мало опуштање на крајот, но сепак тоа немаше никакво влијание врз конечниот резултат бидејќи домаќините славеа со 95:90.
Нено беше исклучително добар и постигна 12 поени за 26 минути минати на паркетот, но вечерва негова главна одлика беше да ги разигрува соиграчите. Македонскиот репрезентативец забележа дури осум асистенции и според овој статистички податок беше најдобар поединец на теренот.

- Италијапред 17 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 16 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 15 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 18 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 13 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 15 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 14 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 13 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч