Фантастичниот цепелин на дуото Гуглета-Илиќ меѓу петте најатрактивни голови во ЛШ (Видео)

vanja ilic vs sporting 2017

Составот на Металург се бореше, го даде максимумот, ама и тоа не беше доволно за да се совлада фаворитот Монпелје кој Скопје го напушти со победа од 27-21.

Меѓутоа ако е утеха еден од головите на „металурзите“ се најде во стандардниот избор на ЕХФ за најдобрите на рундата и тоа е фантастичниот цепелин на дуото Гуглета-Илиќ.

За нив беше резервирано петтото место, додека првота позиција исто беше наменето за гол од средбата од СЦ „Борис Трајковски“ и тоа за францускиот репрезентативец Валентин Порт.

ТУКА можете да ги погледнете петте најдобри голови од седмото коло.

Facebook Коментари