Поврзете се со нас

Олимписки игри

Фантастична вест од ИОК: Македонија ќе има уште еден претставник на ОИ во Париз!

Објавено

на

Македонскиот бораз Владимир Егоров доби вајлд карта за да учествува на Олимписките игри ова лето, што значи дека добиваме уште еден македонски претставник на големото случување во Париз.

Егоров загуби во полуфиналето на тунирот во месец април и за жал остана на дофат на олимписка виза, но речиси три месеци подоцна добива најдобра вест, која денеска со големо задоволство ја пренесе Македонскиот Олимписки комитет.

– По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.

– Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро, – гласи објавата на МОК.

Поради своето руско потекло, Егоров беше секако неизвесен за настап на Олимписките игри, но откако ИОК процени дека истите можат да се натпреваруваат како неутрални спортисти, Владимир се најде во потесниот список за вајлд карта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни