Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фантастична партија на Македонката: Ристовска ја одведе ЦСКА на завршниот турнир во ЛШ

Објавено

на

Екипата на ЦСКА Москва успеа да се избори за пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, успех за кој голема заслуга има македонската репрезентативка Сара Ристовска.

Поранешната ракометарка на Вардар и Металург блескаше на четвртфиналниот реванш против ЧСМ Букурешт, дуел кој рускиот претставник го доби со 24-19 за севкупни 51-51 во двомечот, но поради поголем број на дадени голови во гости (32-27) Сара и компанија одат на Ф4 во елитното натпреваруавње.

Македонското крило беше прв стрелец со седум голови од осум обиди, зад неа беше Дмитриева со 6 погодоци. Залудни пак за романскиот тим беа 9 погодоци на Неагу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни