Фантастична одбрана во последната минута: Голманот Трап спречи шок за ПСЖ на „Паркот на Принцовите“ (Видео)

trap

Тимот на Пари Сен Жермен многу потешко од очекувањата обезди триумф над Анже во денешниот меч од првата француска лига.

„Светците“ победија со 2-1 и тоа благодарение на голманот Кевин Трап кој во самата завршница со одлична одбрана спречи шок и реми за фаворитот на „Паркот на Принцовите“. Инаку домаќините до 25 минута водеа со 2-о со головите на Мбапе со тоа што меѓу погодоците директен црвен картон доби Мота (16 минута).

Гостите преку Екамби во 75 минута се врати во игра, но истиот играч во 90 минута не успеа да донесе голем бод, односно пред него се испрачи голманот Трап.

Facebook Коментари