Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фантастична интервенција: Како ветеранот Силва ја извади топката од „мрежата“ на Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

Челси го разби Јувентус со 4-0 и го презема првото место во групата Х односно се стави во позиција сам да одлучува дали ќе остане на ова место и по шестото коло со што би се нашол во привилигирана, подобра позиција пред ждрепката за првата нокаут рунда во Лигата на шампионите.

„Сините“ во вториот дел го суредија ривалот од Италија со тоа што во првото полувреме ветеранот Тијаго Силва имаше фантастична интервенција при резултат 1-0 со што го отвори патот до убедливата победа.

Имено се играше 28. минута кога Мората го префрли Менди и кога сите очекуваа израмнување на 1-1 Бразилецот стигна и на гол линијата ја исфрли топката пред да заврши во мрежата.

Со ова Тијаго само потврди дека и на 37 години е вистинска класа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни