Европски првенства
Фантастичен потег од Де ла Фуенте со играчот кој имаше малерозна сезона: Добивме 27 играч, тој ќе биде со нас во финалето

Луис Де ла Фуенте вечерва ја одработи официјалната прес-конференција пред големото финале на Европското првенство, а покрај тоа што зборуваше за успехот на неговиот тим и за квалитетот на Англија како противник, не пропушти да им се заблагодари и на сите оние кои овој пат на „фуријата“ го почнаа пред две години.
Де ла Фуенте ја презема селекцијата по разочарувачкиот настсап на мундијалот во Катар и во тој момент никој не му даваше преголема важност во јавноста, но искусниот стручњак се покажа како вистински избор и со тек на време создаде тим кој сега сите го респектираат.
Подмладената Шпанија направи одлична смена на генерации и овие играчи покажаа дека имаат големи амбиции, а утре дел од тимот ќе биде и играчот кој доживеа најголем малер изминатава сезона.
Де ла Фуенте го повикал Гави за финалето во Берлин и побарал од него да биде дел од шпанскиот тим, сето тоа како благодарност за извонредните игри кои ги прикажуваше играчот на Барселона пред да заработи тешка повреда на коленото.
Гави се повреди на натпревар против Грузија и уште на крајот на минатата година стана јасно дека ќе го пропушти Европското првенство, но сепак Де ла Фуенте се погрижил и тој да биде дел од финалниот декор во Берлин.
– Сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои беа дел од овој наш пат, не само оние кои играа на Европското првенство. Сакам да им се заблагодарам на Педри и Ајозе кои не можат да ни помогнат воо финалето. Исто така, со нас ќе биде и Гави, тој ќе биде нашиот 27-ми играч. Ќе го доживее цел ден со нас во Берлин, – изјави Де ла Фуенте.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)