Фантастичен погодок на Мертенс, убедлив старт на Белгија (Видео)

mertens

Селекцијата на Белгија забележа посакуван и сигурен старт на Светското првенство со чиста победа над составот на Панама од 3-0.

Белгијците важеа за огромен фаворит на хартија, но тој статус го потврдија во второто полувреме. Се започна во 47 минута со мастралниот волеј погодок на фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс.

Од тука беше се полесно за четата на Мартинез, па така робусниот напаѓач Лукаку со головите во 69 и 75 минута ги потврди трите бода во групата Г во која се уште Англија и Тунис.



Facebook Коментари