Поврзете се со нас

Евролига

Фановите на Звезда го навредуваа, а Лесор испорача „уникатно“ интервју на полувреме (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/paobcgr

Панатинаикос се врати од голема негатива на синоќешното гостување кај Црвена Звезда и стигна до победа на жешкиот терен во Белград, а еден од подобрите поединци кај гостите очекувано беше Матијас Лесор.

Францускиот репрезентативец доживеа и „посебен“ дочек од фановите на „црвено-белите“, кои очекувано не му го заборавија тригодишниот престој во редовите на Партизан и фактот што до него дојде откако претходно една сезона беше член на Звезда.

Кулминација на „комуникацијата“ меѓу Лесор и домашните фанови се случи на полувремето, кога центарот требаше да даде интервју за репортерката на Евролигата, а успеа да каже само една реченица.

Лесор во најголем дел од времето молчеше и гледаше директно во фановите на домашниот тим, со што остави да се слушаат и навредите од трибините, а медиумите пренесуваат дека кон него летале и одредени тврди предмети.

– Мора да бидеме подготвени за е.ениот интензитет и за ова ср.ње, – рекол Лесор пред да се упати во соблекувалната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни