Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Вест Хем добиле предупредување кои два дреса не смеат да ги носат во Загреб

Објавено

на

Најверните навивачи на Вест Хем нема да го пропуштат гостувањето на својот тим во Лига Европа против Динамо, а добиле насоки и за тоа на што треба да внимаваат во Загреб.

Вест Хем има и свој фан клуб во хрватската престолнина, па оттаму потврдиле дека определените 1243 влезни билети се веќе распродадени.

Како што пренесува „Индекс“, хрватскиот фан клуб испратил и интересно предупредување до навивачите кои ќе пристигнат од Лондон, а тоа е никако да не носат на себе дресови од Давор Шукер и Никола Влашиќ.

Шукер е поранешен играч на Вест Хем, но со негов дрес гостинските фанови ризикуваат да ги предизвикаат домашните навивачи, поради конекцијата на Шукер со контроверзниот Здравко Мамиќ.

Влашиќ кој летово потпиша за премиерлигашот е спорен поради фактот што настапуваше за Хајдук.

Навивачите добиле предупредување и за Бед Блу Бојс, но фан клубот смета дека најжестоките фанови на Динамо не би требало да им прават проблеми низ хрватската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни