Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Сити го провоцираа Винисиус за „Златната топка“, Бразилецот им одговори со еден гест (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Навивачите на Манчестер Сити сеа најдоа во прв план во почетната фаза од европското дерби со Реал Мадрид, но во низата провокации за Винисиус Жуниор, главна тема секако беше неосвоената „Златна топка“.

Бразилецот заврши втор во трката со Родри и доби огромни критики поради тоа што не се појави на свечената церемонија во Париз, па поради тоа, речиси цела увертира во Манчестер беше инспирирана од тој настан.

Бразилецот мораше да ги трпи провокациите на Сити и довикувањата кои пристигнуваа од трибините, но „Мовистар плус“ откри каков бил одговорот кој го подготвил Вини.

– Винисиус, каде ти е „Златната топка“………, – во еден глас извикувале неколку навивачи на Сити, кои брзо добиле одговор од напаѓачот на Реал.

Ѕвездата на гостинскиот тим го искористил моментот за да им покаже кој е вистинскиот крал во Европа, односно им го покажал знакот кој ги означува 15-те освоени титули во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни