Поврзете се со нас

Шпанија

Фановите на Реал зачудени од огромната разлика меѓу десната и левата нога на Карвахал (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал заработи тешка повреда на коленото на натпреварот против Вилјареал кој се одигра на почетокот на месец октомври, а пет ипол месеци подоцна, капитенот на Реал веќе почна со понапорни тренинзи и оптеретување на повредената нога.

Десниот бек мораше да прави тешка операција поради штетата што си ја нанесе во дуелот со противнички фудбалер, но максималната посветеност и трудот кој го вложува од ден во ден, сега направија доста порано да мисли за враќање на терените.

Карвахал пред неколку денови за првпат облече копачки и се израдува што веќе трча на теренот, меѓутоа реалноста вели дека пред капитенот на Реал е уште многу напорна работа.

Дани дефинитивно ќе мора да работи на враќање на мускулната маса на десната нога, нешто што може да се заклучи и од видеата кои самиот тој ги објави на социјалните мрежи.

Враќањето на мускулите во оптимална форма е клучен фактор за кам-бек на терените, особено поради фактот што вакви повреди придонесуваат за значително намалување на масата.

Фановите на Реал сега самите можеа да се уверат во огромната разлика меѓу левата и десната нога, особено во оваа почетна фаза во која Карвахал почнува да придодава и тежина во својата дневна рутина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни