Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Реал подготвуваат атрактивна кореографија со Бензема во прв план

Објавено

на

Реал Мадрид посакува уште едно финале во Лигата на шампионите, а за такво нешто вечерва ќе треба да го елиминира Манчестер Сити.

Навивачите ќе бидат важен елемент на „Бернабеу“, а „АС“ најавува спектакуларна гигантска кореографија на трибините на домот на Реал.

– Уште една магична ноќ за кралевите на Европа“, – ќе гласи пораката на кореографијата, а ликот на Бензема очекувано ќе биде на централна позиција.

Токму Бензема беше виновник за неколку пресврти со кои Реал стигна до полуфиналето, а вечерва ќе треба да биде прекината и традицијата која вели дека мадридскиот состав не обезбедил финале кога бил поразен на првата средба.

Реал веќе ја освои титулата во Ла Лига и може максимално да се концентрира на обврските во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни