Поврзете се со нас

Свет

Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Flamengo_en

Ал Хилал приреди огромно изненадување во полуфиналето во Мароко и го елиминираше Фламенго, кој пред овој натпревар влезе како голем фаворит како актуелен шампион на Јужна Америка.

Бразилскиот великан сепак не го докажа тоа на теренот и загуби од Саудијците со резултат 3:2, епилог кој интересно донесе голема радост и во шпанската престолнина.

Доколку го мине полуфиналето, Реал ќе има полесен ривал за завршниот меч, но пред се славјето се должи поради провокацијата која ја испрати Артуро Видал пред неколку месеци.

По освоената титула во Копа Либертадорес, „Кинг Артуро“ веќе во мислите го имаше светското клупско првенство и порача дека Фламенго „ќе му го искрши газот“ на Реал, но реалноста покажа дека неговиот тим не може да дојде до завршниот меч и вечерва беше елиминиран од Ал Хилал.

Навивачите на Реал не ги заборавија овие зборови и му фаќаат брутален сеир на Видал на социјалните мрежи, играч кој на крајот не доби шанса да игра против тимот од кој има претрпено најмногу порази во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни