Шпанија
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)

Во натпревар во кој тешко може да се издвои било кое индивидуално издание од играч на Реал Мадрид, навивачите на клубот имаа доволно причини да бидат бесни на своите миленици, но сепак едно име посебно се издвои кога се во прашање натписите на социјалните мрежи.
Орелијан Чуамени доби убедливо најслаба оценка и од аналитичарите на големото „Ел Класико“ дерби, па Французинот многу брзо се претвори во предмет за испратени остри критики, но и потценувачки пораки.
Фановите на „кралскиот клуб“ ја искористија последната објава на Французинот од Суперкупот кој се одржа во Џеда, а иако не стануваше збор за слика од финалето, истата им послужи да го истурат сиот гнев за неговото лошо издание.
Чуамени принудно игра на позицијата централен дефанзивец и очигледно е дека не му оди баш најдобро, улога која му беше доделена од Карло Анчелоти и која сега направи да биде на мета на навивачите.
– Те молам оди си од Реал….. Не си достоен за дресот на Реал….. Ако го сакаш Реал, мораш да си заминеш….. Касемиро беше сто пати подобар од тебе….. Те молам повлечи се од фудбалот…… Само оди си од Реал….., – се дел од пораките кои ги доби Французинот.
-
НБА20 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет18 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан19 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија17 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија14 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони9 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција16 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Свет19 часа
Наинголан: Ме уапсија како да сум Пабло Ескобар