Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на ПСЖ бесни: Донарума „пливаше во празно“, Арсенал ги искористи двете грешки на голманот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се одигра во Северен Лондон, а таму Арсенал како домаќин го надигра ПСЖ и заслужено славеше со 2:0.

Тимот на Микел Артета ја потврди добрата форма и ја запиша првата победа во новата сезона во европската елита, со тоа што мора да се напомене дека вечерва доби голема помош од Џалуиџи Донарума.

Италијанскиот голман едноставно нема воопшто добри настапи во Лигата на шампиони, а тоа го покажа и денеска со две реакции со кои директно кумуваше за поразот на „Емирејтс“.

Џиџио најпрво погрешно го испрати центаршутот на Тросар и мораше да издоминира во шеснаесетникот во дуелот со Хаверц, за потоа да направи уште една погрешна проценка.

Донарума го загуби воздушниот дуел со Хаверц кој погоди за 1:0 во 20-та минута, а 15 минути подоцна Сака погоди од слободен удар, при што италијанскиот чувар на мрежата целосно ја промаши топката и блокираше во празно.

Овие негови две лоши реакции предизвикаа голем револт меѓу фановите на францускиот шампион, па Италијанецот е на големо оспоруван за своето издание на социјалните мрежи.

Во продолжение, Донарума имаше две добри одбрани во вториот дел, но штетата веќе беше направена и ПСЖ се враќа дома со пораз од 2:0.

Првиот кикс на Донарума погледнете го ТУКА

Втората лоша проценка на Италијанецот погледнете ја ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни