Поврзете се со нас

Италија

Фановите на Наполи веќе бараат отказ за Руди Гарсија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sscnapoli

Наполи сезонава ја брани титулата во италијанското првенство, но тоа ќе треба да го направи со новиот тренер Руди Гарсија.

Почетокот не е убедлив, бидејќи Наполи освои седум од можни дванаесет бода, при што минатото коло загуби од Лацио, а вчера спасуваше бод со новајлијата Џенова.

Уште по вчерашното реми, фановите на Наполи почнаа да бараат отказ за францускиот стручњак и преку социјалните мрежи го промовираат хаштагот #GarciaOut, што само ќе го зголеми притисокот кај сопственикот Аурелио Де Лаурентис.

Фановите сметаат дека Наполи отстапил од својата препознатлива офанзивна игра, а вчера незадоволство покажа и Квича Кварацхелија кој негодуваше откако беше заменет во второто полувреме.

Гарсија го наследи Лучијано Спалети, кој во меѓувреме дебитираше и како италијански селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни