Поврзете се со нас

Франција

Фановите на Марсеј со емотивно збогување со поранешниот претседател Тапи (Видео)

Објавено

на

Олимпик Марсеј оствари победа во француското првенство, а навивачите уживаа во одличното издание на фудбалерите во емотивната вечер која му беше посветена на Бернар Тапи.

Поранешниот претседател на францускиот клуб почина неодамна, а Марсеј повика членови на неговата фамилија и подготви специјална програма за збогување со претседателот кој ја донесе единствената европска титула на „Велодром“.

Навивачите подготвија одлична кореографија со ликот на Тапи, додека пееле песни со кои изразиле благодарност за она што контроверзниот сопственик го направи за клубот.

Подоцна на сцена стапија фудбалерите кои го победија Лориен со 4:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни