Поврзете се со нас

Италија

Фановите на Лацио го уништија муралот со Мурињо вметнувајќи го Сари (Фото)

Објавено

на

Ривалството меѓу Рома и Лацио на римските улици донесе и целосна промена на муралот кој фановите на Рома му го посветија на новиот тренер Жозе Мурињо.

Непосредно откако беше објавена информацијата дека Португалецот ќе ја преземе „волчицата“, на еден ѕид во градот беше насликан мурал на кој Мурињо вози традиционална италијанска веспа, а рокот на траење беше до промоцијата на новиот тренер на Лацио.

Вчера „бјанкочелестите“ го потврдија Маурицио Сари како наследник на Симоне Инѕаги, а тоа мотивираше „одмазда“ кај фановите на Лацио, кои решија да дејствуваат на муралот со Мурињо.

Сега главата на Португалецот е покриена со димот од цигарата на Сари, кој е доловен во една од неговите препознатливи сцени од минатото.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни