Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Јунајтед му се налутија на Анри за тролањето на Јоро, телевизијата го избриша видеото

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе се „претплатени“ на критики, посебно во уште една сезона во која никако не успеваат да го подобрат впечатокот и се поблиску до дното, отколку до врвот на табелата.

Фановите и самите се жестоки со оценките за настапите, но му замерија на Тјери Анри поради неговото тролање на младиот дефанзивец Лени Јоро, за кого Французинот имал специфична замерка.

Јоро гледаше кон помошникот судија, очекувајќи реакција за офсајд при постигнување на еден од головите на Њукасл, нешто што според неговиот сонародник е неприфатливо.

– Погледнете го Јоро и тоа што го прави.

– Не знам што сака, гледа кон помошникот и се надева дека тој ќе го извлече. Сите знаевме дека е гол, не знам зошто гледа воопшто и што очекува, – рекол Анри.

„Скај Спортс“ решил да го отстрани видеото од платформите поради големиот критики кои ги заработувало.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни