Фановите на Јунајтед избраа страна откако ескалираше „војната“ меѓу Мурињо и Погба (Фото)

joz-pol

Угледниот таблоид „Би-Би-Си“ излезе со сензационална ексклузива поврзана за односот меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба, откако Французинот даде доста контоверзна изјава по ремито со Вулверхемптон со која ја омаловажи работата на португалскиот менаџер.

Погба ја доведе во прашања тактиката на Мурињо, а како што информира секогаш доброинформираниот „Би-Би-Си“, Жозе му возвратил такашто го заштитил својот интегритет и статус во соблекувалната на Јунајтед. Пред сите останати играчи во соблекувалната, Мурињо ветил дека Погба веќе никогаш нема да ја носи капитенската лента на Јунајтед, а ова е доказ за достигнување врв во „војната“ која ја водат веќе извесно време.

Според најголем дел од медиумите во Англија, ваквиот потег на Мурињо е последно предупредување до Погба за спасување на кариерата на „Олд Трафорд“, а на страна на менаџерот застанаа и фановите на Манчестер Јунајтед кои избраа страна во дадената ситуација.

Facebook Коментари