Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Јунајтед гневни по најновите информации пласирани во медиуимте: Клубот нема да купува…

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед претрпе неочекуван пораз од Кристал Палас од 3:1 во за нив воведниот натпревар од Премиер лигата за оваа сезона.

На натпреварот одигран на„Олд Трафорд“ од далеку беше воочливо дека Солскјер и оваа година ќе има големи проблеми во одбраната.

Трите гола кои ги постигна Кристал Палас стигнаа по грешки на Виктор Линделоф кој одигра натпревар за заборав. Лош по левата бековска позиција при првиот гол беше и Лук Шо кој не покриваше навреме.

Токму затоа се веруваше дека Оле Гунар Солскјер ќе тргне по стопер и по лев бек во овој преоден рок, но најновите информации од Англија говорат нешто друго.

„Атлетик“ пренесува дека Манчестер Јунајтед не планира да носи нов стопер во овој преоден рок, и наместо ангажман на таков играч може да ја разгледа опцијата да го зачува Крис Смолинг во своите редови доколку Рома не се согласи да плати 20 милиони фунти за неговите услуги.

Што се однесува до лев бек, играч на оваа позиција веројатн ќе се донесе и веројатно тоа ќе биде Алекс Телеш од Порто.

Во моментов Манчестер Јунајтед има многу фудбалери кои се централни дефанзивци, но ниту еден од нив не покажа дека може да се носи со притисокот и дека може на високо ниво да игра цела сезона.

„Ѓаволите“ во тимот покрај Мегваер и Линделоф ги имаат Ерик Баи, Крис Смолинг, Фил Џонс, Маркос Рохо, Аксел Туанзебе и Теден Менги.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни