Фановите на Интер испратија порака до Роналдо (Фото)

Ronaldo-Minhen

Кристијано Роналдо ќе биде големо засилување за актуелниот италијански шампион Јувентус, но фановите на Интер веруваат во своите фудбалери и сметаат дека Лучијано Спалети ќе располага со ростер со кој ќе може да атакува на титулата.

Самоувереноста ја потврди и транспарентот оставен пред влезот на тренинг-центарот на Интер, со кој фановите на „неразурите“ му испратија порака на Португалецот кој ќе биде промовиран во Торино во понеделник.
– Роналдо не не плаши, – е кратката порака на навивачите кои не можат да бидат незадоволни откако нивниот клуб веќе ги доведе Наинголан, Де Врај, Асамоа, Политано и Лаутаро Мартинез.

Facebook Коментари