Поврзете се со нас

Свет

Фановите на Данди Јунајтед веќе му смислија песна на Транаповски, Македонецот се најде во тимот на колото (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dundeeunitedfc

Квалитетот на македонските фудбалери веќе е добро познат во шкотската Премиер лигата, бидејќи феноменалните изданија кои ги презентираше Бојан Миовски, сега сакаат да ги продолжат Кристијан Трапановски и Давид Бабунски.

Двајцата македонски фудбалери овој летен преоден рок завршија во Данди Јунајтед и имаа свои деби настапи во првото коло во Премиер лигата, во кое Трапановски успеа да постигне и гол.

Популарниот „Трапа“ веќе е вистински хит меѓу навивачите на Данди Јунајтед и истите му смислија оригинална песна во негова чест, која посебно дојде до израз по деби погодокот.

Трапановски беше избран за МВП по крајот на дербито кое заврши 2:2, а сега, неколку дена подоцна, Шкотланѓаните го сместија и во тимот на колото.

Од друга страна, Давид Бабунски веќе на првиот официјален настап за Данди Јунајтед ја доби капитенската лента, па уште сега јасно е дека Македонците ќе имаат важна улога во тимот на Гудвин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни