Поврзете се со нас

Германија

Фановите на Борусија добија шокантна информација за повредата на Халанд

Објавено

на

Ерлинг Халанд самиот потврди дека зарботил повреда на мечот со Ајакс во Лигата на шампионите и поради тоа го пропушти дуелот против Арминија во Бундеслигата, но како што стојат работите, огромни се шансите мечот во Амстердам да биде последен за Норвежанецот оваа сезона.

„Билд“ открива дека медицинските лица во Борусија останале загрижени од здравствената состојба на најдобриот напаѓач, бидејќи деталните прегледи покажале делумно кинење на мускул, што во превод значи сериозна и непријатна повреда.

Угледниот медиум пренесува дека Халанд најверојатно ќе мора да паузира до крајот на 2021-ва година, што дефинитивно ќе биде сериозен удар за шампионските амбиции на „милионерите“ во германското фудбалско првенство.

Борусија се уште не излегува со официјална информација за сериозноста на ситуацијата, но добриот пријател-новинар на Халанд од Норвешка само ја потврди веста која ја пренесе „Билд“.

– Постојат големи шанси натпреварот против Ајакс да беше последен за Ерлинг во тековната 2021-ва година, – изјавил Јан Аге Фјортофт кој е познат по своите ексклузиви поврзани за Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни