Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Бенфика лути, УЕФА им одреди судија кој беше „замрзнат“ поради подароци за Барселона

Објавено

на

Фото: twitter.com/SLBenfica

Бенфика и Барселона се борат за преостаното место кое води во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а последното коло го дочекуваат со различна ситуација.

Португалскиот тим има два бода помалку, но и подобар меѓусебен дуел, па со победа против Динамо Киев и барем реми во Минхен, ќе обезбеди пласман во осминафиналето.

Додека Барселона гостува кај лидерот Баерн, Бенфика ќе биде голем фаворит на домашен терен, а интересно е што средбата ќе ја суди Дениз Ајтекин.

Германскиот арбитар досега еднаш и судел на Бенфика во ЛШ и Португалците тогаш загубиле од ЦСКА Москва, но она што повеќе ги иритира фановите на лисабонските „орли“ е ефектот на Ајтекин на незаборавниот натпревар меѓу Барселона и ПСЖ во 2017 година.

Барса тогаш загуби во Париз со 4:0, но успеа да го елиминира противникот со триумф од 6:1 на средбата која ја судеше Ајтекин. Германецот тогаш заработи многу критики поради одредени одлуки кои беа во корист на домаќинот, по што УЕФА го стави во „фрижидер“ цели 190 дена во кои не му беше доделен европски натпревар.

Главен судија на средбата меѓу Баерн и Барселона ќе биде Романецот Овидиу Хацеган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни