Фановите му се одмаздија на Гризман: Плочата во негова чест претворена во корпа за отпадоци (Видео)

grizi-mikrofon

Атлетико Мадрид ја отвори сезоната со минимална победа од 1:0 против тимот на Хетафе во натпреварот од првото коло од Ла Лига одигран на „Ванда Метрополитано“.

„Душекчиите“ во новата сезона влегоа без својот најдобар фудбалер од претходните години, Антоан Гризман кој направи трансфер во редовите на Барселона.

Фановите на Атлетико не му го заборавија ова „предавство“ па на оригинален начин се решија да му се одмаздат на францускиот фудбалер.

Имено, пред „Ванда Метрополитано“ се поставени плочи во чест на актуелните и поранешните фудбалери на Атлетико Мадрид. Додека сите плочи светеа, таа на Гризман беше претворена во вистинска корпа за отпадоци.

Facebook Коментари