Поврзете се со нас

Англија

Фановите лути, легендите на Јунајтед бараат повеќе време за Тен Хаг

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се најде во комплицирана ситуација во својата група во Лигата на шампионите, а поразот од ФК Копенхаген дополнително го зголеми притисокот врз менаџерот Ерик тен Хаг.

Холандскиот стручњак ја префрли вината за поразот на судиите, но фановите веќе го губат трпението и се почесто бараат итни промени поради лошиот старт на сезоната.

Легендите на клубот како Рио Фердинанд и Пол Сколс имаат поинаков став и бараат повеќе време за Тен Хаг.

– Резултатот е лош, но мислам дека треба да се застане зад менаџерот, – рекол Фердинанд.

– Не мислам дека има доволно притисок над него, имаше добра година и со тоа си купи одредено време. Често мора да се соочува и со сериозни повреди, иако факт е дека 9 порази на 17 натпревари не се посакуван ефект.

– Знам дека Јунајтед често ги отпушта менаџерите втората или третата сезона, но не смееме повторно да си дозволиме вакво нешто. Треба да го оставиме да работи, досега направи некои добри потези, против Копенхаген дојде и тоа несреќно исклучување, мислам дека им недостасуваше лидер на теренот како Касемиро, – вели Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни