Поврзете се со нас

Англија

Фановите бараат продажба, Аморим не губи надеж: Ќе му помогнам да стане подобар играч

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед сигурно ќе направи неколку важни промени во летниот преоден рок, а менаџерот Рубен Аморим ќе може да направи одредени корекции во ростерот според своите приоритети.

Веќе е најавено дека Маркус Рашфорд нема иднина во клубот, се очекува дека на излезна врата е и Кристијан Ериксен, а фановите и дел од клупските легенди не се задоволни од Антони и сакаат неговата најитна продажба.

Сепак, Аморим изненади со ставот за Бразилецот и очигледно очекува негови подобри денови на „Олд Трафорд“.

– Антони има проблем со самоувереноста, но јас не сум го заборавил Антони од Ајакс.

– Работи напорно на тренинзите и покажува голема професионалност, а јас ќе му помогнам да стане подобар фудбалер, – рекол Аморим.

Јунајтед во недела го пречекува Борнмут од 15 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни