Поврзете се со нас

Англија

Фанови на Ливерпул ќе ја тужат УЕФА за инцидентите во Париз

Објавено

на

Голем број навивачи на Ливерпул ќе ја тужат УЕФА и веројатно ќе бараат отштета поради хаосот кој се случи на последното финале од Лигата на шампионите.

Фановите се жалат дека заработиле физички повреди и психолошка траума поради лошата организација на финалето на „Стад де Франс“, кое дел од нив и го пропуштија поради инцидентите на влезовите на стадионот.

Адвокатите кои го водат случајот најавија дека делото против УЕФА ќе биде нарушување на договорот при купување билети, како и за слаба организација и предизвикување повреди кај навивачите.

Ливерпул како клуб исто така комплетира сведоштва од своите навивачи и извештајот ќе биде предаден на Европската фудбалска федерација.

УЕФА и француските власти првично ги обвинија навивачите за непосакуваната ситуација која го одложи и почетокот на натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, за подоцна УЕФА да се извини за лошата организација, префрлувајќи ја вината на француските организатори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни