Поврзете се со нас

Италија

Фанови на Лацио предизвикаа скандал во Минхен, најмалку еден уапсен поради фашистички слогани (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио ќе има поддршка од голема група навивачи на вечерашниот дуел со Баерн во Минхен, но дел од нив предизвикаа скандал во германскиот град.

Дел од ултрасите предизвикале проблем во една од градските пивници во Минхен, извикувајќи пароли и пеејќи песни со кои се величеле фашистичките лидери.

Италијанските фанови меѓу другите го величеле контроверзниот Бенито Мусолини и неговите најозогласени „црни кошули“, а полицијата реагирала со апсење на еден гостински фан.

Истиот добил сериозна парична казна и веројатно нема да може да присуствува на „Алијанц“ вечерва, додека нема да биде изненадување ако и други фанови завршат на сличен начин поради забраната за користење фашистички ознаки и пароли во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни