Фанот кој влета во тепачката во октагонот објасни зошто застана во одбрана на МекГрегор

habib-mekgregor-udira

Комисијата во Невада се уште нема донесено конечна одлука за тоа какви казни ќе добијат сите инволвирани во вистинскиот хаос кој настана по УФЦ борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, но затоа, секојдневно ни пристигнуваат нови изјави за незапаметените сцени во кои покрај пресметката на двата тима, во мешаницата се вмеша и еден фан.

Давид Мартин кој е роден Ирец неочекувано доби луда улога по крајот на борбата, бидејќи тој беше еден од оние луѓе кои скокнаа во октагонот, но со далеку поразлична намера од останатите. Мартин застана во одбрана на МекГрегор и се обиде да го заштити од нападите на рускиот тим, а сега при една изјава која ја даде за домашните медиуми, се обиде да објасни што го натерало да скокне во „кафезот“.

– МекГрегор беше поразен и преморен после битката. Кога ги видов фанатичните Руси како скокаат за да го нападнат, одлучив да интервенирам. Помислив дека добив повик од мојата земја и поради тоа скокнав во октагонот. Постапив патриотски, си помислив дека Русија ја напаѓа Ирска. Сето ова можеше да има и полош крај. Ако човекот кој го маваше МекГрегор го удреше толку силно и ненадејно во задниот дле од главата, можеше да има фатални последици. Можеа да го убијат. Си помислив дека ќе го убијат и не сакав да дозволам такво нешто, – открива Давид Мартин кој се претвори во неочекуван херој во својата родна земја.

Facebook Коментари