Лига на шампиони
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)

Килијан Мбапе беше изваден од игра во судиското продолжение на „Итихад“ на натпревар кој се чинеше дека ќе заврши 2:2, но додека Французинот ја облекуваше својата јакна на клупата за резерви, следеше акција која ги шокираше домашните навивачи.
Невнимателниот Рико Луис му дозволи на Винисиус да стигне прв до топката и да влезе во стопроцентна шанса за гол, па иако обидот на Бразилецот беше неуспешен, прв до топката стигна Џуд Белингам.
Англичанецот имаше доста лесна задача да ја спроведе топката во голот и да донесе голема победа за Реал од 2:3, а бидејќи Мбапе не беше на теренот, на погодокот мораше да се радува од клупата.
Фан од трибините сега ни ја откри точната реакција на Килијан по погодокот за триумф на „Итихад“, па истата само докажува дека Французинот навистина многу емотивно ги доживува сите моменти во Лигата на шампиони.
На видеото се гледа како Мбапе воопшто не ни седна на клупата, односно од екстаза почна да трча, а дури и влета на теренот.
Kylian Mbappé’s reaction to Jude’s game winner. He was so hyped. 😂 pic.twitter.com/1cbk3r1ien
— KM (@Kylian) February 11, 2025
-
Балкан12 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Свет23 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Англија20 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Англија22 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет21 час
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)