Фан на Торонто на најоригинален начин се прости од Ленард и стана хит број еден во Америка (Видео)

kawi-toronto

Кави Ленард имаше сезона за паметење и во својата прва и единствена година во Торонто успеа да ја освои шампионската титула, успех со кој му донесе огромно славје на цел град, но и на цела Канада.

Ленард имаше опција да стана слободен агент по само една сезона во Торонто, а откако ја вклучи истата, МВП играчот во финалето се одлучи да се пресели во ЛА Клиперс, тим кој дефинитивно ќе аспирира за највисок дострел во новата сезона. Ваквата одлука на Ленард секако ги разочара верните фанови на Торонто, но истите му испраќаат само огромни пораки за благодарност, а еден од нив стана вистински хит на социјалните мрежи откако го повлече неговиот дрес во својот дом на оригинален начин, видео кое доби милиони споделувања за само 24 часа.

Facebook Коментари