Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фан на ПСЖ се бори за живот откако бил избоден во жестока физичка пресметка во Милано (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Вечерната програма во Лигата на шампионите носи ново европско соочување меѓу Милан и ПСЖ, но за жал увертирата за овој меч носи и еден несакан инцидент кој се случил во Ломбардија.

Радикалните тифози на Милан режирале неочекуван напад во делот од градот во кој биле излезени навивачите на ПСЖ, а добро подготвените маскирани лица користеле и тврди предмети и ладно оружје.

Еден фан на ПСЖ бил двапати прободен со нож и за жал се бори за живот во една од болниците во Милано, вест која ја потврдија и најугледните медиуми од чизмата.

Нападот се случил доцна во ноќта и истиот го организирале 50-тина радикални навивачи на Милан, па сега полицијата мора да го расчистува инцидентот во кој има и еден тешко повреден.

Претходно во текот на вчерашниот ден, фановите на ПСЖ имаа пресметка и со италијанската полиција, инцидент од кој со повреда завршил еден полициски службеник.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни