Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фан на Јувентус се потсети на недосудениот пенал во големото финале во ЛШ, Дани Алвес му одговори (Фото)

Објавено

на

Вчера се навршија точно шест години од големото финале на Олимпискиот стадион во Берлин, натпревар на кој Барселона успеа да стигне до својата петта титула во Лигата на шампионите.

Моќната Барса предводена од Меси, Суарез и Нејмар победи со 3:1 против Јувентус и ја комплетираше триплетата во споменатата сезона во која тренер беше Луис Енрике, па иако поминаа шест години од тој меч, фановите на италијанскиот великан се уште не можат да извадат од глава една ситуација која претходеше на голот за 2:1 на Суарез.

Пол Погба и Дани Алвес имаа еден дуел во шеснеаесетникот на Барселона по кој и двајцата паднаа во шеснаесетникот, а еден фан на Јувентус уште не може да се помири со тоа дека судијата Чакир не досуди најстрога казна.

Во својата објава на социјалните мрежи, навивачот на Јувентус ги тагна и двајцата фудбалери и порача дека Погба бил удрен по ногата и повлечен со десната рака на Бразилецот, по што Дани Алвес не одолеа и возврати на објавата на фанот на Јувентус.

– Не е така! Тој паѓа врз мене!, – гласи одговорот на Дани Алвес кој интересно по етапата во Барселона, играше финале во Лигата на шампионите и како член на Јувентус, но тогаш загуби од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни