Англија
Фан на Јунајтед стана вирален хит откако вети дека нема да се шиша додека екипата не врзе пет победи (Видео)

Навивачите на Манчестер Јунајтед очајно посакуваат враќање на резултатите и борбата за трофеи како во ерата на легендарниот Алекс Фергусон, но нивните миленици и натаму се далеку од таков статус, а во исполнување на желбата не помагаат ниту менаџерските промени.
Рубен Аморим засега не успева да донесе напредок откако го замени Ерик тен Хаг, а тоа воопшто не му оди во прилог посебно на еден навивач кој даде интересно ветување и стана хит на Инстаграм.
Френк Илет вети дека нема да се потшишува се додека Манчестер Јунајтед не врзе пет победи по ред, нешто што во моментов навистина делува како невозможна мисија, а за навивачот веќе донесе период од речиси 150 дена „берберски пост“.
Последен пат Јунајтед имаше ваква серија во јануари, односно февруари 2024 година, а додека Илет чека повторување на таквиот ефект, може да биде задоволен барем од фактот што собра многу следачи на Инстаграм и стана популарен меѓу големата армија фанови на својот омилен клуб.
View this post on Instagram
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона