Поврзете се со нас

Лига Европа

Фан на Хелсингборг се „инфилтрираше“ во Будимпешта за да ги провоцира навивачите на Малме (Видео)

Објавено

на

По двата стартни порази, Ференцварош влезе во навистина позитивна серија и ја запиша третата победа во низа во Лигата на Европа, но натпреварот во Будимпешта беше интересен и поради фактот што еден шведски навивач дојде да им фаќа сеир на фановите на Малме.

Гостите од Шведска настрадаа на теренот и примија четири гола во убедливата победа на Ференцварош со 4:1, а натпреварот покажа дека ривалството меѓу Хелсингборг и Малме е до толку големо, што успева да мине и преку границите на скандинавската земја.

Еден „инфилтриран“ фан на Хелсингборг се најде на трибината на која беа домашните навивачи на Ференцварош, но видеата и сликите кои беа доставени до нашата редакција покажуваат дека единствена цел и „мета“ му бил секторот во кој биле гостинските навивачи.

Задоволството кај фанот на Хелсингборг сигурно било двојно послатко поради конечниот епилог на мечот во Унгарија, кој уште еднаш ни покажа дека страста кон омилениот фудбалски клуб едноставно не познава граници.

За Малме ова беше четврти пораз на петтиот меч во Лига Европа, па сега шведскиот тим е надвор од местата кои гарантираат бараж за следната фаза.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни